Кои професии се бараат денес, кои вештини ќе бидат неопходни во иднина и како вештачката интелигенција веќе го менува начинот на кој учиме и работиме? На 24 и 25 август, Семос Академии организира бесплатен дводневен настан „Што е следно? Знаење. Вештини. Кариера. Иднина.“, со четири панел-дискусии и повеќе од 20 професионалци од различни индустрии.
Настанот е од отворен тип и е наменет за ученици, студенти, родители, но и за професионалци кои размислуваат за надградба на своите знаења и вештини или за следниот чекор во кариерата. Низ директни разговори со луѓе кои секојдневно работат во индустријата, посетителите ќе имаат можност да слушнат искуства од пракса, да добијат практични совети и подобро да ги запознаат можностите што ги носат професиите на иднината.
Дводневниот настан ќе се одржи на 24 и 25 август, од 18:30 до 20:30 часот, а учеството е бесплатно со претходна пријава на ЛИНКОТ.
На првиот ден, на 24 август, насловен „Креативните кариери и приказни од успешните професионалци“, фокусот ќе биде на креативните професии и вештините што денес се бараат во областите на визуелните ефекти, внатрешниот и графичкиот дизајн, UX/UI и веб-дизајнот, дигиталниот маркетинг, човечките ресурси, проектниот менаџмент, лидерството и продажбата.
Програмата започнува во 18:30 часот со панелот „Вештини кои прават разлика во креативните кариери“ по што следува панел посветен на професионалните искуства и на тоа како стекнатите знаења и вештини се претвораат во конкретни резултати и професионален развој.
На 25 август, вториот ден од настанот, во фокусот ќе бидат технологијата, вештачката интелигенција и професиите што го создаваат дигиталниот свет. Панелот „Револуцијата во податоците и АИ“ ќе се осврне на развојот на вештачката интелигенција и податоците, нивната практична примена и влијанието врз различни професии и индустрии, додека панелот „Градејќи го дигиталниот свет“ ќе ги отвори темите поврзани со сајбер безбедноста, game development и full-stack development и секако Data & AI.
Преку дводневната програма, Семос Академии има за цел да отвори практичен разговор за она што се случува на пазарот на труд денес, кои професии се барани, кои вештини прават разлика, со какви предизвици се соочуваат професионалците и какви можности за вработување и кариерен развој отвораат новите технологии.
Посетителите ќе имаат можност од прва рака да слушнат автентични професионални приказни и практични совети од луѓе кои секојдневно работат во индустријата и да добијат појасна слика за знаењата и вештините потребни за нивниот следен кариерен чекор.
За сите присутни на овој настан ќе биде овозможен попуст од 15% до крајот на август за академија по избор.
