dm и оваа година е дел од Светската недела на доењето – поддршка, едукација и подароци за посетителите


dm_Nedela na doenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Настаните по повод Светската недела на доењето, кои започнаа на 1 август со онлајн активности, од денес (4 август) продолжуваат во хотел „Мериот“ во Скопје со богата едукативна програма организирана од „Бебелогија – Школo за трудници и доење“, „Доење со љубов“ и „Јуниор Мед“. Како поддржувач на иницијативи што придонесуваат за едукација и поддршка на семејствата, dm и оваа година е дел од настанот со свој штанд, каде посетителите ќе можат да се запознаат со производите од dm марките наменети за мајки и бебиња. За сите посетители, dm обезбедени и пригодни подароци, како дополнителен знак на внимание и поддршка. За присуство на предавањата и интерактивните работилници потребна е претходна пријава на мејл адресата: [email protected], а бројот на места е ограничен.

Светската недела на доењето традиционално се одбележува од 1 до 7 август под мотото „Доење за одржлив почеток на животот: да го зајакнеме она што докажано функционира“, со цел да се подигне свеста за важноста на доењето, да се поттикне информираноста за неговите придобивки и да се обезбеди стручна поддршка за идните и сегашните родители. Првите три дена од програмата беа посветени на онлајн активностите „Поддршка за доењето“, преку кои беа споделувани инспиративни доенечки приказни и искуства на социјалните мрежи.


Од 4 до 6 август, програмата продолжува со физичко присуство во хотел „Мериот“, каде посетителите имаат можност да проследат предавања и интерактивни работилници со домашни и меѓународни експерти. Темите опфаќаат доење во првите денови по породувањето, лактација, исхрана на мајката и бебето, придобивките од мајчиното млеко, поддршката на родителите на предвремено родени деца, како и развојот на детето и најчестите предизвици со кои се соочуваат мајките во периодот на доење. Во рамки на програмата ќе се одржат и интерактивни работилници, а свое предавање ќе има и интернационалната експертка Кетрин Вотсон Џена која е меѓународно сертифициран консултант за лактација (IBCLC).

Целосната програма со распоредот на сите предавања и работилници е достапна на следниот линк. Одбележувањето на Светската недела на доењето ќе заврши на 7 август со онлајн активности под мотото „Зајакнување на она што докажано функционира“, преку кои ќе бидат споделени едукативни видеа, корисни совети и материјали за преземање на социјалните мрежи @doenje_so_ljubov и @bebelogija.

Со учеството во Светската недела на доењето, dm продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за едукација, информирање и поддршка на родителите, со цел да се поттикне поголема грижа за здравјето и благосостојбата на мајките, бебињата и нивните семејства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK