Балканското првенство во џудо за помлади пионери со поддршка од Моја кравица

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 400 учесници викендот се натпреваруваа на Балканското првенство во џудо за помлади пионери и пионерки што се одржа во Битола, а најголемата поддршка дојде од чоколадното млеко Моја кравица. На првенството, кое е во организација на Џудо федерацијата на Македонија, учествуваа деца до 13 години од единаесет држави, Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и Македонија.

Како генерален спонзор Моја кравица обезбеди снабдување со енергија и слатко освежување за натпреварувачите и за присутната публика и беше задоволство во кое сите уживаа. После секоја џудо борба, натпреварувачите добиваа чоколадно млеко Моја кравица, а најмладите посетители освен што уживаа во вкусот на млекото  имаа и дружба со добро познатата Моја кравица која им приреди супер забава и делеше чоколадни млека за присутните во публика.



Моја  кравица чоколадно млеко е направено од темно млечно чоколадо и млеко е идеално за сите љубители на класичниот вкус на чоколадо. Чоколадното млеко Моја кравица е супер идеален пијалак и за после секоја спортска активност поради балансиран сооднос на какао, јаглени хидрати и протеини, што помага во регенерирање на мускулите. Неговата содржина на протеини го поддржува и олеснува растот на мускулната маса, за зголемување на издржливоста и намалување на исцрпеноста после тренинг што го прави вреден пијалак за најмладите спортисти.

Достапно е во амбалажи за сечија потреба и секоја прилика од 250ml, 300ml, 500ml и 1l. Прилагодете го изборот на вашите потреби и уживајте во секоја голтка!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK