Зеќири осуден на две и пол години затвор

Зеќири-осуден-на-две-и-пол-години-затвор.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.

Тој треба и да ги надомести парите кои државата ги плаќала поради неговите договори склучени во четири очи.

Нема да му се конфискува недвижниот имот во Чаир, ниту парите најдени во сефот на сопругата на Зеќири.

„Обвинетиот Мухамед Зеќири сторил злоупотреба на службена положба и овластување. Обвинетиот го осудувам на казна затвор од 2,6 месеци“, кажа судијката.

Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK