Коциќ: Поради ВМРО-ДПМНЕ и Рашела Мизрахи пропадна работата на комисија за случајот со Онкологија

ВМРО-ДПМНЕ-бара-продолжување-на-рокот-за-сослушување-експерти-и-функционери.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со оглед на фактот што денеска е последен ден од работата на Анкетната комисија и се’ уште немаме закажано продолжение станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи свесно и тенденциозно ја злоупотребија Анкетната комисија за случајот со Онкологија, изјави на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ.

Два месеци, вели Коциќ,  ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува работата на комисијата а со тоа ги злоупотребуваше пациентите, граѓаните и македонското собрание.

„Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се сееше лаги и на крај, ВМРО-ДПМНЕ побегна од комисијата, со денови не се свикува седница. Се потврдува она што се сомневавме уште од почеток, дека намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели. Најпрво Антонио Милошоски беше фатен од страна на пратениците на СДСМ како се обидува со невистини да претстави дека владата сакала да уништи доказен материјал. Кога се виде дека не станува збор за доказен материјал туку за уништување на стари кревети Милошоски се извинуваше“, рече Коциќ.

Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребија комисијата за Онкологија сакајќи своите партиски заклучоци, пишувани во Белата палата да ги претстави како заклучоци на Комисијата.

После овој преседан, вели Коциќ, и како народни избраници се спротивставивме на сите злоупотреби, цела недела ДПМНЕ бегаат, седници нема, не се закажуваат.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK