Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн и Здружението на Унгарците ,,Теледом” заеднички го одбележаа Националниот ден на Унгарците.
Во знак на благодарност за сета досегашна добра соработка, на манифестацијата која се одржа во Домот на култура во Драчево, на градоначалникот му беше доделена плакета ,,Пријател на Теледом”.
-Огромно благодарам на Амбасадата на Република Унгарија во Македонија и на Здружението на Унгарците ,,Теледом” кои ми ја укажаа оваа чест, да бидам дел од нивниот голем ден. Со длабока почит, заедно со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн, го одбележавме нивниот национален ден.
Со пригодна свеченост и поклон пред спомен плочата на Шандор Петефи, кој е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година уште еднаш покажавме колку е силно пријателството помеѓу Кисела Вода и Република Унгарија. Блискоста помеѓу нашите два народи се огледува преку споделувањето на значајните моменти – оние кои ни се важни и означуваат нешто големо за нас, за нашата заедница, за нашата нација.
Оттука, драго ми е што секој година сум дел од одбележувањето на Националниот ден на Унгарците и што можам во име на жителите на општина Кисела Вода да дадам уште една потврда на заемната почит која ја чувствуваат двата народа.
Нашата досегашна соработка е одлична и се надевам дека е продолжи преку реализација на уште повеќе проекти од сите сфери на општественото живеење. На тој начин ги засилуваме врските со нашите унгарски пријатели и ги креираме основите за подобра и успешна иднина.
Благодарам и за плакетата ,,Пријател на Теледом”, која е уште една потврда за нашето големо пријателство. Честит нека е Националниот ден на Унгарците-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
И оваа година, по повод 15 Март, во основните училишта беше распишан литературен на тема “Животот и делото на Шандор Петефи, поетот на револуцијата во 1848-1849 година“ и „Историјата на унгарската света круна“, како и ликовен конкурс: „Унгарија на слика како јас ја замислувам“.
На денешниот настан беа доделени благодарници на учениците кои победија на овој конкурс и за кои Амбасадата на Република Унгарија во Македонија обезбеди награди.