Затворен главниот приод кон скопскиот аеродром поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат


Skopje-International-Airport-Sept-2020-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради сообраќајна незгода на главниот пристап кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правецот Скопје – аеродром, сообраќајот е пренасочен по алтернативна рута.


Од Меѓународниот аеродром Скопје ги повикуваат возачите да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда.

Воедно, од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, односно на исклучокот од Скопје кон аеродромот.

Поради тоа, целиот сообраќај се пренасочува преку клучката Рафинерија кај Миладиновци, од каде возачите повторно треба да се вклучат кон аеродромот.

Се апелира до патниците навреме да тргнат кон аеродромот, бидејќи пренасочувањето може да предизвика дополнителни задржувања и доцнење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK