Запален автомобилот на јавна обвинителка од Прилеп

Скопјанец-запали-автомобил-во-Центар-огнот-се-прошири-и-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Намерно е запален приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп, Марјана Илиеска, објави Обвинителството.


Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

Според првичните сознанија, како што информираа од Обвинителството, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Јавното обвинителство и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK