Премиерот Џафери на собраниска седница се обрати пред пратениците и го образложи предлогот министерот Азиру Алиу да биде разрешен од функцијата министер за информатичко општество и администрација и министерот Фатмир Меџити да биде разрешен од функцијата министер за здравство.
„Законот вели дека не може да има два опозициски субјекти во состав на Владата, тоа е основната причина зошто се предлага ова разрешување. Ова е мое право, одлуката се носи од парламентот“, посочи Џафери.
Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери пред пратениците.
Премиерот на техничката Влада Талат Џафери осврнувајќи се на предложените промени во нејзиниот состав, истакна дека Владата функционира целосно, непречено и во рамки на надлежностите.