Зајкова: ЛДП посветено работи на интересите на граѓаните, трошоците за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан се намалија за 30 проценти

Зајкова-ЛДП-посветено-работи-на-интересите-на-граѓаните-трошоците-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барањата на Либерално-Демократската партија која посветено ги брани интересите на граѓаните на Западен Балкан се исполнија, така што од 1-ви октомври 2023 година трошоците за Роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан се намалија за 30 проценти, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.


-На овој начин се воведува нова ера на подостапна, безгранична комуникација, со што се подобрува секојдневниот живот на жителите во Регионот и поттикнување на дигиталната трансформација и регионален развој кулминираше со ова историско достигнување. Либерално-Демократската партија на Советот на АЛДЕ во Братислава предложи декларација која едногласно беше усвоена од страна на Европските Либерали за воведување на концептот. Воведување на концептот „Roam like at home“ помеѓу ЕУ и Западен Балкан, со отстранување на сите тарифи за роаминг, вклучително и доплата на домашната малопродажна цена за повици, СМС и интернет додека сте во роаминг во предвидениот период, додава претседателката Зајкова.

Како што посочуваат од ЛДП, ваквата можност се отвори по потпишувањето на декларацијата на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана на 6-ти декември 2022 година и се отвораат нови перспективи за комуникација, соработка и економски раст меѓу земјите од Европската унија и Западен Балкан.

Исто така овој прогрес, кој ветува намалување од 30% на трошоците за роаминг, носи со себе многу предности за речиси 18 милиони граѓани и е „отскочна штица“ во дигиталната трансформација на регионот, а тоа ја отвора патеката за подобрена мобилност, подобра регионална соработка и поголема интеграција.

-Македонските оператори прават подготовки и анализи за новите цени за роаминг услугите кои се согласиле истите да ги намалат врз основа на соопштението кое го добиле од Владата на Република Северна Македонија. Исто така, дефинирани се и идни активности, односно предвидено е и намалување за 30% во 2026 година, а во 2028 година се очекува цените за роаминг да бидат исти како дома, така и надвор од државата. Со тоа граѓаните од Република Северна Македонија и Западен Балкан полесно ќе комуницираат и ќе бидат конкурентни на европскиот пазар, истакна Зајкова.

Слободната роаминг зона меѓу ЕУ и Западен Балкан ќе биде заемно корисна, ќе ја подобри мобилноста, соработката, развојот, интеграцијата и ќе ја забрза дигитална трансформација на регионот. Ова е значаен чекор на Западен Балкан за усогласување со принципите и практиките на единствениот дигитален пазар на ЕУ.

Либерално-Демократската партија ја изразува својата благодарност до сите лидери и функционери вклучени во остварувањето на овој историски договор. Тоа означува клучна пресвртница во патувањето на Западен Балкан кон просперитет, регионална интеграција и дигитални иновации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK