Илјадници семејства побегнаа денеска од јужен Либан во областите кон главниот град Бејрут и планината Либан по денешните израелски воздушни напади во кои, според последните податоци, загинаа најмалку 274 луѓе, а повеќе од илјада се ранети.
Најмалку 274 лица, од кои 21 дете и 31 жена, загинаа, а 1.024 се ранети во израелските напади врз јужен Либан во понеделникот, изјави министерот за здравство на земјата на прес-конференција, пренесе Ројтерс.
Патиштата што го поврзуваат јужниот пристанишен град Тир со Бејрут се полни со колони автомобили полни со жени и деца и набрзина собрани лични работи. Повеќето од нив возат по главниот автопат Калдех кој води до јужниот влез во Бејрут.
IDF INFILTRATES LEBANON RADIO
An urgent message from the IDF broadcast on Lebanese radio: “The IDF is targeting Hezbollah military positions in your village and does not intend to harm civilians. If you are in or near a Hezbollah-used building, you must evacuate the village by… pic.twitter.com/nKdKfNe5qB
— Lucifer (@krishnakamal077) September 23, 2024
„Напади има насекаде, а звукот е застрашувачки“, изјавила жена од автомобилот за ДПА. Човек од истото возило додава дека не знаат каде одат, но дека веруваат дека е најдобро да стигнат до главниот град.
Израел објави дека извршил повеќе од 800 воздушни напади врз цели и инфраструктура на Хезболах. Владин извор истакнал дека „Израел се обидува да создаде криза со раселување со цел да го зголеми притисокот врз Хезболах“, пренесува медиумот.
Според написите, некои празни училишта во близина на главниот град веќе се подготвуваат да примат бегалци од јужен Либан. Ова го потврди и министерот за образование Абас ал Халаби, кој рече дека некои училишта во предградието на главниот град веќе ги отвориле вратите за бегалците.
Андреа Тененти, портпарол на Привремените сили на Обединетите нации во Јужен Либан (УНИФИЛ), изјави за ДПА дека несуштинскиот персонал потребен за функционирањето на УНИФИЛ е советуван да се пресели надвор од областа на операција на агенцијата на ОН.
„Нашите воени мировници и голем број цивили ќе останат тука за да ја продолжат основната мисија“, рече Тененти. Побегнатите лица како што пренесуваат светските агенции се шокирани, испаничени, исплашени и плачливи и истакнуваат дека Израел веќе започнал војна против јужен Либан.
Една од бегалците смета дека „веќе избила вистинска војна“ и додава дека „се плаши дека населението нема да се врати во своите домови“.