Загина 76-годишник, огнот избил на шестиот кат и постоела голема опасност да се рашири: детали за пожарот во Аеродром

Загина-76-годишник-огнот-избил-на-шестиот-кат-и-постоела-голема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седумдесет и шестгодишник го загубил животот во пожарот во скопски Аеродром.


„Имавме пријава за пожар во станбена зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје на шести кат , пожарот беше веќе во развиена фаза имаше опасност да се крене на погорните катови, вели Звонко Томевски командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

Тој додава дека е интервенирано  со 15 пожарникари со 6 ПП возила.

„Со брзата интервенција спречено е ширењето на другите станови, но за жал во опожарениот стан починато е повозрасно лице. Повикана е екипа на МВР да изврши увид, И брза помош кој констатираше смрт“, додава тој.

Како што вели Томевски пожарот е целосно изгаснат.

И МВР информираше дека седумдесет и шестгодишник го загубил животот во пожарот во скопски Аеродром.

„Утрово (11.01.2024) околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK