Заедно даруваме радост и поддршка за децата и семејствата во Македонија


TwitterDedoMraz.KU8
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По неколкугодишна пауза, со помош на Ротари Клуб Скопје Х, иницијатива #ТвитерДедоМраз повторно се активира со проширена мисија и нова организациска поддршка.

#ТвитерДедоМраз првично (инцијатива започната од @gogiche) беше насочена кон подобрување на условите на детското одделение на Неврохирургија за да веќе во следните години, иницијативата се прошири, со фокус на обезбедување новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства. Техничката поддршка и веб-платформата dedomraz.mk се обезбедени од компанијата ГрабИТ, додека здружението Љубезност е задолжено за креирање и ревидирање на списокот на корисници.


По прекинот предизвикан од пандемијата, од 2025 година иницијативата повторно се активира, овојпат со официјална поддршка од Ротари Клуб Скопје Х, со што добива поцврста организациска структура и поширока, вклучително и меѓународна, покриеност.

Од оваа година, #ТвитерДедоМраз се проширува, па покрај обезбедување новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, со два нови столба:

  • донација на прехранбени продукти за социјално загрозени семејства;
  • донација на школски прибор за деца од основно образование кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Денес, целта е да израдуваме 3.000 деца со новогодишни пакетчиња, како и дополнителна поддршка за семејства во потреба низ целата држава.

Начини за донација

Донациите може да се реализираат на следните начини:

 Онлајн:
www.dedomraz.mk

 Преку банкарска уплата:

  • Денарска сметка:
    300000005413606
    Цел на дознака: Твитер Дедо Мраз
  • Девизна сметка:
    0270100435745
    IBAN: MK07300701004357498
    SWIFT: KOBSMK2X

Организаторите упатуваат отворен повик до граѓаните, компаниите и медиумите да се вклучат и да бидат дел од оваа заедничка мисија – затоа што радоста е најубава кога се споделува.

Повеќе информации:
www.dedomraz.mk
X: @RotarySkopjeX

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK