За упадот во М-НАВ Обвинителство денес чека кривична пријава од МВР

За-упадот-во-М-НАВ-Обвинителство-денес-чека-кривична-пријава-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство работи на вчерашниот упад во М-НАВ по кој четири лица беа приведени во полициска станица, а по уште четворица МВР доцна синоќа соопшти дека се трага.


„Во моментот се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи“, соопштија од Обвинителството.

По вчерашниот упад во контролата на летање, МВР соопшти дека во наредниот период и тие ќе ја обезбедуваат зградата на М-НАВ.

Тројца вработени вчера беа нападнати на работните места во контрола на летање на скопскиот аеродром откога неколку лица упаднаа во објектот. Упадот се случи по прес-конференција на претседателот на Синдикатот на М-НАВ кој најави 30 оставки од вработените поради наместени конкурси и партиски вработувања.

Владата доцна синоќа најави дека на следната седница е г разреши целото раководство во М-НАВ и ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, Управата за финансиска полиција   и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK