(Видео) Јаневска: Погрешните политики на ДУИ и СДС, во овие седум години, резултираа со уништено образование

Видео-Јаневска-Погрешните-политики-на-ДУИ-и-СДС-во-овие.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Погрешните политики на власта на СДС и ДУИ овие седум години резултираа со уништено образование, а бомбастично најавените реформи завршија неуспешно, оцени претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска.

„Националната платформа која никогаш не се стави во функција, одложениот старт на учебните години, промената на наставните содржини со интеграција на предмети па се до т.н. дигитализација која значеше укинување на учебниците како основно средство за едукација… На ден пред официјалниот старт на училишната година образованието кое е клуч за креирање и одржување на државата беше во фаза на тестирање. Родителите, учениците и наставниците најзасегнатите, а и Синдикатот за образование, наука и култура алармираа на бројни недостатоци, надлежните бараа трпение. Власта на Ковачевски и Ахмети правеше бројни експерименти, а почетокот на секоја учебна година беше проследен со скандали“, рече Јаневска.

Потсети дека учениците кои немаа услови да ја следат онлајн наставата беа насочени кон скратена наставна програма на националните телевизиски канали и учење од скрипти.

Новите т.н. реформи за воведување дигитални учебници останаа без дигитални учебници, а учениците и без хартиени учебници, што предизвика дискриминација меѓу најмладите, вели таа.

„Само оваа година од 123 учебници за основно образование недостасуваа една третина затоа што надлежните фаворизираа и се фокусираа на изборот на фирма за печатење, а не на квалитетот на учебниците и времетраењето потребно за нивна подготовка и печатење. Да потсетиме на Албанија на исток, Бугарија на запад, збир на агли во триаголник од 190 и 200 степени и слично. Надлежните се правдаа дека немале автори, немале рецезенти и средства за печатење на учебниците. Потоа немаа средства ниту за печатење на свидетелства кои учебниците не ги добиваа навреме и се запишуваа во средно училиште со пусулчиња потпишани од директорот“, изјави Јаневска.

Како што додаде, Македонија во сите овие години остана на дното според резултатите од ПИСА тестирањето и од година во година добиваме се полоши пократастрофални резултати. Ова секако, вели Јаневска, е резултат на работата, односно неработата на неспособните кадри кои беа на чело на институциите и ова е резултат од непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите седум години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK