За Нова Година над 2.000 повици на бројот за итни случаи во Македонија

За-Нова-Година-над-2000-повици-на-бројот-за-итни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.145 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие.

Од нив, „реални“ повици биле 42,33 отсто, а 57,67 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, информираат од ЦУК.

Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 56,14 проценти, кон Итната медицинска помош 38,25, а кон пожарникарите 3,51 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Инаку, ЦУК, согласно информациите од неговите регионални центри, информира дека ова изминато новогодишно деноноќие има само пет пожари на отворено. Во урбаните средини пожари на објекти имало најмногу во Скопско, а во гевгелиското село Миравци имало и спасувачка акција за извлекување неподвижно лице при пожар на куќа.

Во Скопје од 11:00 до 12:25 часот, со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена депонија на површина од 600 m2 на стариот пат кон Арачиново во Општина Арачиново. Во период од 12:20 до 13:10 часот со 2 ПП возила и 5 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа на површина од 10 m2 на Бул. „Св. Наум Охридски“ бр 45 во Општина Центар; Во периодот од 21.20 до 22.00 часот гаснеле запалена електрична инсталација во куќа на ул. „3“ во село Глумово, со 2 возила и 5 пожарникари, во Општина Сарај; Во периодот од 22.35 до 23.15 часот со 1 возило и 3 пожарникари гаснеле запалени гранки во нива на површина од 100 m2 во село Бардовци во Општина Карпош; Од 22.35 до 23.05 часот гаснеле запалени кабли на бандера во село Грчец. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 3 пожарникари во Општина Сарај; Од 01.45 до 02.10 часот со 1 возило и 2 пожарникари кога гаснеле запалена настрешница на Плоштад „Македонија“ во Општина Центар и БППЗ на Град Скопје имала уште една помала интервенција во градот.

Пожарникарите од ТППЕ Прилеп од 12:45 до 13:45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Мажучиште. Во период од 16:05 до 17:15 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена нискостеблеста вегетација во с.Забрчани, Општина Долнени.

Од ТППЕ Радовиш од 13:35 до 14:45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева и грмушки кај црквата во с.Ораовица. Со пожарот била зафатена површина од 1 декар.
Пожарникараите од ТППЕ Гевгелија во првите петнаесетина минути од привиот ден на Новата година, од 00:14 до 02:10 часот, со 2 ПП возила и 7 пожарникари, имале интервенција за гаснење пожар со спасување неподвижно лице. Конкретно, интервенирале за гаснење пожар на запалена стара куќа на два ката на ул.„Маршал Тито“ во с.Миравци. Првиот кат од куќа бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижна стара жена, која била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување.

ТППЕ Берово од 14:05 до 15:15 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во атар на с.Црник.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово од 15:28 до 13:44 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило имале техничка интервенција на сообраќајна незгода на ул. „Бајрам Шабани“.

ТППЕ Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие имала 1 помала интервенција во градот.
Пожарникарите од ТППЕ Гостивар од 15:00 до 16:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште покрај патот кон „Стража“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK