За Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава, велат од СДСМ

За-Груевски-нема-да-има-амнестија-и-ќе-биде-уапсен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен“, соопшти СДСМ.


„Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.

Неговата политика против Европа ќе се покаже како катастрофална за неговата партија и за него.

СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник. Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел, членство во ЕУ“, се додава во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK