За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои, вели градоначалникот на Бутел

450107448_923556776452663_2097886160149894152_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална Хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел, вели градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.


„За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои“, посочи Костовски.

„Сликите се застрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата. Додека не е доцна, апелирам слижбите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните“, рече Костовски и додаде:

„Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK