Филипче: Граѓаните денес се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот

filipce-kumanovo-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Граѓаните денеска се чувствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ заедно и граѓаните, потенцира претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук.

-Во 2020 година, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ и граѓаните, Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Со ова, земјата ја реализираше една од најважните стратешки цели која стоеше во програмите на сите политички партии од 1990 година па се до тој момент. Денес сме безбедна и стабилна држава, значајна и рамноправна членка на Алијансата. Патот до членство во НАТО не беше лесен. Бараше решителност, стратешка визија и, пред сè, храброст да се донесат одлуки за доброто и иднината на граѓаните. СДСМ презеде одлучни чекори во оваа насока, уште со Преспанскиот договор во 2018 година, а 600.000 граѓани на реферундум го потврдија правилниот пат кој го одбра СДСМ. Одлучноста Северна Македонија да застане рамо до рамо со водечките светски демократии денес изгледа поважно од кога било. Во услови на војна на европско тло и светска нестабилност, нашите граѓани може да се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот“, рече Филипче.

Додаде дека приклучувањето кон НАТО ја зацврстило нашата национална безбедност, ја подобрило нашата меѓународна позиција и отворило нови можности за економски раст и развој.

„Преку членството во НАТО, СДСМ ја потврди и посветеноста на партијата на развојот, демократските вредности, трајниот мир и безбедноста. Членството во Алијансата е придобивка за сите граѓани и секој политички чинител е должен да го негува и чува ова достигнување. Владата е должна да работи кон понатамошно унапредување на односите со Алијансата и земјите партнери во градење на цврста и долгорочна соработка. СДСМ останува посветена на носење одлуки кои служат за најдобар интерес на нашата нација. Ние веруваме дека само преку стратешко планирање, одлучност и ставањето на доброто на сите пред партиските интереси може да се надеваме на просперитетна иднина, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK