Времето денеска студено со температури до 13 степени

Времето-денеска-студено-со-температури-до-13-степени.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето и денеска ќе биде ведро и студено време. Претпладне ќе дува засилен северен ветер, кој во попладневните часови ќе слабее, а најдолго ќе се задржи долж Повардарието, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната од 6 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во понеделник ќе преовладува сончево време со студено утро, а дневната температура ќе се зголеми. Од вторник следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд кон крајот на денот. Пообилни врнежи се очекуваат во среда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK