Времето денеска променливо облачно, наутро со магла

Времето-денеска-променливо-облачно-наутро-со-магла.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени.

Во Скопје, информираа од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, од наутро магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени.

– До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер, соопштија од УХМР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK