„Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ

vlen-vredi-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да прифати усвојување само на Законот за бранители, додека бил во владина
коалиција со СДСМ, истакнуваат од коалицијата.



„Јасно е дека Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) и делегитимираниот СДСМ, кои очајнички се обидуваат да ја спасат својата кожа од кривична одговорност, не избираат средства во своите манипулации. Во седумгодишното владеење, граѓаните станаа сведоци на масовна корупција, а наместо да го прифатат својот дебакл и да го стават прстот на чело, тие се обидуваат да ја замајуваат јавноста со предлогот за “законот за бранителите”.

Делегитимираниот СДСМ, кој некогаш се залагаше за концептот “Едно општество за сите”, сега, врз грбот на Албанците се обидува да заработи ниски политички поени. Нивната стратегија на манипулација и популизам ги
доведува до точка на безизлез, каде што граѓаните, независно од нивната националност, ќе ја отстранат трајно од политичката мапа. Но ВЛЕН има јасна порака и за ДУИ: кога стануваш “Али Ахмети на Соравија”, завршува “Али Ахмети на УЧК”, велат од Вреди.

Јавно го прозиваат како што нагласуваат “Али Ахмети на Соравија”: Дали е точно сведоштвото на Стојанче Ангелов дека пред сите тогашни коалициони партнери си се согласил да ги затвориш очите да помине Законот за бранители, обидувајќи се да ја спасиш коалицијата и Владата на Димитар Ковачевски? Законот за бранителите е очигледен обид на побратимите по мака ДУИ и СДСМ да го одвлечат вниманието од корупцијата и скандалите што ги следea нивните политики.

Коалицијата ВЛЕН, додават од таму е решена да се бори за транспарентност, одговорност и вистински интереси на граѓаните. Ќе продолжиме, велат од „Вреди“ да стоиме цврсто против манипулативните политики, обезбедувајќи посветла иднина за сите граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK