Од АМСМ известуваат за активни забрани за тешки товарни возила:
• Крива Паланка граничен премин Деве Баир
• Гостивар-Маврово-Дебар
• Гостивар-Стража-Кичево
• Пресека
• Плетвар
• ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона
• Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
• Од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија
• Од 09:30 се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато
• Од 10:40ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонија пат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.