Во време на ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за потрошувачка кошница, денеска 2, велат од СДСМ

СДСМ-ДПМНЕ-за-2-години-не-направи-ништо-во-40.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во време на ДПМНЕ работниците беа третирани како евтина работна рака и затоа минималната плата беша 8.000 денари а просечната плата беше едвај над 20.000 денари, велат од СДСМ.


„СДСМ минималната плата од 8.000 денари ја покачи на 22.500 денари, што значи 3 пати повеќе од времето на ДПМНЕ. Во време на ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за потрошувачка кошница, денеска 2. Просечната плата СДСМ ја покачи на 40.000 денари што е речиси двојно од времето на ДПМНЕ“, дополнуваат од СДСМ.

Според нив, дополнително, СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните а ДПМНЕ – НУЛА, ниту еден денар.

„Веселата математика на ДПМНЕ само покажува дека оваа партија се уште е заглавена во тоа време кога наместо за граѓаните и работниците парите се фрлаа за споменици, барок и стиропор“, завршуваат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK