Во прекин е железничката линија Гевгелија-Велес: се патува до некаде со воз, па се продолжува со автобус

Во-прекин-е-железничката-линија-Гевгелија-Велес-се-патува-до-некаде.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот – и патнички и товарен.


Железниците информираат дека патувањето сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици – Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз.

Планирано е експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK