На 10 декември 2023 година во недела, во Кристалната сала на Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ ќе ја додели државната награда „Мето Јовановски“ за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Државната награда „Мето Јовановски“ за 2023 година им се доделува на:
· Платформа за одржлив развој „Лице в лице“ – непрофитно, независно улично списание, посветено на одржливиот развој, социјалната правда, принципите на еднаквост, демократија и хуманост;
· Борче Стојменов – од Кавадарци, кој собира расипани лаптопи и компјутери, од нив креира нови и ги праќа на социјално загрозени семејства.