Во Брисел имало обид да се нанесе удар на македонскиот јазик, Мицкоски рече дека успеале да амортизираат


mickoski-pres.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски добил вознемирувачки информации во насока на тоа дека одредени политичари од ЕУ се обидуваат да нанесат нов удар на македонскиот јазик и идентитет. Тој рече дека успеал да стапи во контакт со сите од Брисел, па успешно на некој начин бил амортизиран ударот.


„Некој повторно сакаше да нанесе удар врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен македонски јазик, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ“, изјави Мицкоски, додавајќи дека Македонија повеќе нема да молчи за вистината.

За жал, вели премиерот, постојат и такви членови на Европскиот парламент, но среќа за нас е што огромното мнозинство таму, застануваат зад нашите аргументи.

„Ние се бориме да ја кажеме нашата вистина за Македонија, вистина која што ја чувствуваат граѓаните, без разлика дали е тоа во Берлин, Брисел, Лондон или Вашингтон“, додаде премиерот кој денес присуствуваше на свеченото пуштање на патниот правец Гевгелија-Богданци.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK