Во Бигорскиот манастир вечерва ќе се чествува „Достојно ест“

BIGORSKI MANASTIR
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Свештената бигорска обител традиционално и годинава го одбележува празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, за што во манастирот се пристигнати верници од повеќе делови на државава.

Вечерва во 22 часот ќе започне сеноќното бдение, а благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја.


Иконата во овој Бигорскиот манастир пристигна кусо по пожарот што се случи во утринските часови на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го уништија Горниот Палат.

– Бигорскиот собир се закити со копијата од оваа прекрасна икона, како една слатка утеха после страшното огнено искушение врз обителта. Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси дека е тука со нив и во најтешките мигови, за мајчински да ги поткрепи и да им вдахне нови сили за духовна борба. А благодарното монашко срце непрестајно ја искажува својата верност и благодарност, плетејќи сеноќни славословија во чест на Царицата и на нејзината икона „Достојно Ест“. Така и сега неизмерната синовска љубов ќе ги собере сите во Бигорското светилиште на уште една духовна средба со Мајката на животот, во чиишто прегратки сите таги и неволи исчезнуваат, велат за МИА од Бигорскиот манастир.

Од таму додаваат дека за Мајката Божја најтопло проговорил „оној кој сиот свој живот ѝ го доверил и со љубов му служи верно на нејзиниот син и на неговата невеста, црквата“, епископ г. Партениј.

– И нашата света обител од пред повеќе од дванаесет години е удостоена со верна изобразба на светогорската чудотворна икона „Достојно ест“. Многупати сум кажал, а и сега ќе повторам, дека оваа икона дојде во манастирот како благодатна посета од Мајката Божја, како најголема утеха веднаш после пожарот. Впрочем, требаше да стаса многу порано, но ете, по промисла на Богородица, се случуваше сè некакво одолговлекување, за на крај да дојде како утешителна роса и како прва радост после тагата од големото искушение за Манастирот. Дојде преку својата икона, за да ни каже дека е со нас, дека нема да нè остави, дека е посебна заштитница на монашкиот род, рече во една од своите беседи г. Партениј на одбележување на денот.

При секое одбележување тој порачува дека преку своите свети икони мајката Божја е благодатно присутна меѓу нас и верниците тоа го чувствуваат, бидејќи секогаш кога ние искрено ѝ се молиме, таа притекнува на помош.

Според него, иконата помага на сите и на секого оти е Мајка на сиот човечки род, украс и убавина на човештвото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK