ВМРО НП ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Предлогот за уставни измени

vmro_np_4564
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот.

Уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Македонија кон Европското семејство.



Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Македонија во Европската унија.

ВМРО-Народна партија упатува апел до сите општествено – политички чинители да во најбрз можен рок се заврши оваа етапа и што побрзо Македонија го отпочне процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата кои допрва ќе треба да се отвараат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK