ВМРО-Народна партија: Во законот да влезе и амнестија на осудените од настаните на „27 април“

ВМРО-Народна-партија-Во-законот-да-влезе-и-амнестија-на-осудените.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-Народна партија сака да ја потсети македонската јавност дека уште пред две години побара измени во кривичниот законик со додавање на новини се со цел намалување на ионака пренатрупаните затворски капацитети.


„Тогаш излеговме со став дека е време законски да се смени досегашната практика на изрекување затворски казни без притоа да се даде шанса или некаква опција таа казна да се замени или откупи. Сходно на тоа предложивме откупување на казната по тарифа одредена од страна на државата и тоа да важи за изречени по „благи“ казни.
Со оваа мерка првенствено ќе се полни буџетот на државата, а воедно и ќе се намали пренатрупаноста и бројот на затвореници кои во денешно време ги има и над дозволениот односно над бројката на расположливи кревети по затворските установи“, велат од ВМРО-НП.

„И конечно, бидејќи овогодинешните измени на кривичниот законик не вклучуваат и амнестија за учесниците во настаните од „27 април“, ВМРО-Народна партија предлага експлицитно во законот да влезе и амнестија на осудените од настаните на „27 април“.

Со таквиот чин Северна Македонија ќе покаже решителност и зрелост за затворање на тој случај и конечно отворање на процес кон внатрешно помирување“, соопшти ВМРО-НП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK