ВМРО-Народна партија загрижена од процесот на комплетна културна доминација на поранешниот југословенски, а во рамките на македонскиот културен и духовен простор при што македонската култура, а пред се македонската песна како еден од главните симболи на идентитетот на секој народ е комплетно истисната и елиминирана.
Затоа ВМРО-Народна партија отпочнува со кампања „Слушај македонска музика – Одбрани го Македонскиот идентитет“ за да ги разбуди македонските елити кои се чувствуваат одговорни за македонскиот народ и конечно да направат нешто конкретно за спас на македонската песна односно симболот на македонскиот национален идентитет, велат од партијата.