ВМРО-ДПМНЕ: За Ковачевски власт има само преку ДУИ, важно е да ги поразиме

Власта-да-запре-со-предизборните-вработувања-институциите-да-си-распишат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот. Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, очигледно треба сите да знаеме дека кадрите на ДУИ не можат да бидат виновни за нешто.

„Се додека СДС и Ковачевски треба да се власт, тие се спремни и најмизерните изговори да ги претставуваат како вистини, само да владеат. А, за Ковачевски власт има само преку ДУИ, затоа нема одговорност и затоа нема ред. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK