ВМРО-ДПМНЕ: За бизнис од 600 милиони на СДС и ДУИ, Стевчо Јакимовски ќе го бетонизира Карпош

ВМРО-ДПМНЕ-За-бизнис-од-600-милиони-на-СДС-и-ДУИ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС и ДУИ се директно засегнати од ДУП-от за Алумина. „Пуцко Петрол“, компанија на синот на Исмаил Јахоски, пратеник од ДУИ е фирмата чија сопственост е земјиштето каде ќе се градат над 350.000м2 станбен и деловен простор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„За „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од над 600 милиони евра, Стевчо Јакимовски ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, затоа што само ВМРО-ДПМНЕ е пречка за бизнис интересите на власта.

ВМРО-ДПМНЕ го блокираше носењето на ДУП-от, затоа што СДС, ДУИ и Стевчо Јакимовски за личен профит се спремни да го бетонизираат Карпош со згради и до 35 ката, без за тоа да има соодветна инфраструктура која ќе овозможи нормален проток на луѓе и возила.

На СДС, ДУИ и Стевчо Јакимовски не им е гајле дали Карпош ќе се блокира и ќе се направи тесно грло, важни им се само профитите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK