ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски вели никој не го контролирал, а како “попче“ ги потпиша измените на кривичен, спротивно на интересите на граѓаните

vmro-pendarovski-1-800x400.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Стево Пендаровски  без срам и перде вели дека никој не можел да го контролира, а пред само неколку месеци ги игнорираше граѓаните и експертската јавност и ги потпиша измените на казнениот законик изгласани од неговите газди од ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Со ова погази две свои ветувања кои ги даваше во кампањата во 2019 година. Тогаш велеше дека никогаш немало да ги заборави пораките “нема правда нема мир“ , и дека немало да потпишува закони против интересите на граѓаните. Стево Пендаровски овие измени ги потпиша како „попче“.

И тој е директно одговорен за овој упад во правосудниот систем и ако имаше образ денес ќе им се извинуваше на граѓаните, а не уште и да се фали дека никој не го контролирал.

Господине Пендаровски вие сте просто управувани од ДУИ и СДС.

Пендаровски го изгуби целиот кредибилитет и интегритет. Тој со своите ставови и постапки го погази достоинството на функцијата, достоинството на народот и на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK