ВМРО-ДПМНЕ: На Онкологија свесно се дозволувал башибозлук за некој да се богати

ВМРО-ДПМНЕ-На-Онкологија-свесно-се-дозволувал-башибозлук-за-некој-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Дивото месо го уништува здравството во Македонија. Тоа е канцер мафијата која на сметка на животите на најтешките пациенти, правела милионски бизниси на клиниката за Онкологија. Свесно бил допуштан башибозлук на оваа институција со цел некој да се богати, да се краде на ангро, а граѓаните да бидат оставани без својата терапија и без термини за лекување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, КАТО системот кој бил набавен во 2016-та требало да ја следи потрошувачката и дозирањето на скапите лекови. Но овој систем бил исфрлен од употреба веднаш по доаѓањето на власта на СДС и ДУИ и истиот бил фрлен во помошна просторија за да фаќа прашина цели 7 години. Логичен е сомнежот е дека тоа е направено за да може да се краде. Софтверското решение овозможува увид на каналот на дистрибуција на лековите и излезот кон одделенијата и истото го немало за на тој начин лековите да завршуваат на црниот пазар.

Во исто време во дневната болница не постоела можност да се евидентира која сестра кој лек на пациент го аплицирала, што пак отвора можност за злоупотреби, неточна и непрецизна евиденција за терапија која чини илјадници евра“, реагираат од опозициската партија.

Сето ова и многу повеќе, како што велат, е содржано во извештајот од финансиската контрола на клиниката за онкологија. Здравствените власти, според ВМРО-ДПМНЕ, ова го знаеле но го дозволувале.

„Оваа состојба не може да постои ако не била аминувана од страна на највисоките функционери во здравството. Ова е организирана шема. Ова е канцер мафија и мора да има одговорност“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK