„Ковачевски е делигитимиран, никој повеќе не му верува, ниту пак го прашува за нешто, дури и неговите пратеници не ги следат неговите инструкции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски цела година лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени, за конечно кога требаше да ги стави истите на гласање да избега, затоа не само што нема 80 пратеника, туку едвај има 70. Пратеници на СДС и коалицијата не поддржуваат уставни измени и тоа е факт од кој Ковачевски не може да избега“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски ја донесе Македонија ви ќорсокак прифаќајки работи кои не може да ги исполни, и кои се спротивни на волјата на народот. И на самиот Ковачевски му е јасно дека удри во ѕид. Единствено разумно решение се избори оваа есен“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.