ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги затворија во својата држава, пратениците на СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста на пасошите

„Наместо-решение-ДПМНЕ-создава-хаос-со-личните-документи-велат-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот народ, затоа треба да се одважат и да гласаат за продолжување на нивната важност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Граѓаните ги затворија во својата држава, направија отворен затвор од Македонија. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеле дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи.

Народот доста веќе истрпе и доста беше омаловажуван од власта, сега е време да им се помогне на граѓаните. Треба барем 15 чесни пратеници од власта да има, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите“, се истакнува во нивната реакција.

Во спротивно, како што велат, тие сите, треба да се откажат од своите дипломатски пасоши, со кои патуваат непречено, кога и каде да посакаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK