ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село


venko-filipce-sdsm-2.jpeg.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Вчера, на новинарско прашање, лидерот на талогот во СДС, Венко Филипче, призна дека е на одмор на јахтата кај Зоран Заев во Грција, но кажа дека патем се однесувал одговорно и успат кон Грција бил и во Ново Село, каде се сликаше со насилниците и наркодилерите преку кои хушкаше инцидент на народен собир. Работниот дел од одморот на тандемот Венко-Заев беше уценување на струмичките пиперкари и земјоделци преку ниски откупни цени, преку компанијата на Заев за ајвар „Мамас“. Потоа, ширење дезинформации и лаги за наводно загадена вода за пиење во Скопје, како и ширење дезинформации за состојбата со водата во Гостивар. Работното лето на Венко од јахтата на Заев продолжи со бунтување против прославата за независност и броење колку пати се појавил Киро Глигоров на спотот, а не се појавил Зоран Заев итн“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека „веројатно раатот на Филипче ќе го расипат пожарите на Халкидики, но и доволно штета ѝ нанесоа на државата, така што Филипче може да се врати од одмор со Заев“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK