„Влен“: Мерко без пасош, Артан и Прпарим во бегство, ова е ДУИ

merko-i-ahmeti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДУИ се урива како кула од карти. Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата, велат од владејачката коалиција „Влен“ додавајќи дека осомничените за криминалите во Државна Лотарија, Артан Груби и Прпарим Бајрами се во бегство, додека на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, одземен му е пасошот.


Од партијата додаваат дека ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ.

„Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како ‘кралот’ на Струга, денес се соочува со своите злодела. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат. Граѓаните избраа промени и Влен носи правда!“, се додава во соопштението.

„Влен“ оценува дека ДУИ тоне, а сите Албанци ги чувствуваат промените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK