Власта работи на обезбедување на 80 пратеници. Ова го соопшти вицепремиерот Артан Груби, на два дена пред пленарната седница за отворање на Уставот. Тој кажа дека избори нема не се решение. Додаде дека власта работи со поединци во ВМРО-ДПМНЕ за да ги поддржат измените и вметнувањето на Бугарите во Уставот.
„Изборите не се решение. Единствено решение добро за сите граѓани за цела држава е да пристапиме кон уставните измени и да ги поддржиме консензуално со сите партии. Уставните измени се технички, не задираат во македонскиот јазик и идентитет. Од текстот гледате дека немаше никаква критика ниту од академската ниту од политичката јавност. Целиот отпор е од дневно политички мотиви за да се предизвикаат избори и да се преземе власта. Граѓаните немаат време. Нив им треба решение како што го решивме прашањето за името. Ние во петок ќе почнеме, ќе ја отвориме дебатата и работиме и со ВМРО-ДПМНЕ и со поединци во ВМРО-ДПМНЕ за и тие да станат дел до градењето иднина за граѓаните“, кажа Груби.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во петок нема да гласаат за отворање на Уставот.