Владата обезбедува по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација

20160412-samo-12-000-vraboteni-so-plata-nad-50-000-00-denari-m.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, се нагласува во информацијата од владините служби.



„Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените.

Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата“, истакнуваат од Владата.

На овој начин, додаваат, Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK