Владата на ДУИ и Ковачевски со денови молчи за скандалот дека со владина одлука се отвора врата бугарското подземје да влезе во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на ДУИ и Ковачевски со денови молчи за скандалот дека со владина одлука се отвора врата бугарското подземје да влезе во Македонија. Тие не демантираат дека со потпис на Артан Груби владата овозможува Државната компанија Државна лотарија која ја води поранешниот шеф на кабинет на Артан Груби, да отвори три нови фирми за игри на среќа кои треба да се поврзат со бугарскиот мафијаш Васил Божков Черепот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Со денови повиканите молчат и не одговараат, дали целиот овој бизнис е проектирано да го добие Васил Божков викан Черепот од Бугарија кој е познат во мафијашките кругови во нашиот источен сосед. Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Груби треба да одговори дали овозможил бизнис на бугарски мафијаш во Македонија, кој патем е на црната листа на САД? Дали истиот тој лик својата лиценца ја добил со подмитувања на македонски функционери? Дали и со колку торби пари била платена лиценцата за коцкарници?“, прашуваат под партијата.

Според нив власта на ДУИ и СДС станала синоним за корупција и криминал.

„Ако веќе можеа да им доделат пасоши на белосветски мафијаши, сега почнаа да и да им ги поткрепуваат и бизнисите. За ова мора да има и одговори и одговорност“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK