Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски


Коцевски-со-транспарентност-ќе-ја-враќа-довербата-Обвинителството-и-јас.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.


„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.

Образложи дека одлуката се должи на последниот Индекс на транспарентност кој беше објавен денес и каде детално може да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во обвинителството и судството.

Дополнително, како што беше посочено, последното именување за вршител на должност Шеф на Вишото Јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишана во Законот за јавното обвинителство.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK