Владата го утврди текстот за измени на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид со цел зголемена заштита, согласно препораките на УНЕСКО

Владата-го-утврди-текстот-за-измени-на-Законот-за-прогласување.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата утврди текст на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.


Со измените на Законот, како што е образложено од предгагачот, Министерството за култура, се зголемува заштитата на споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, согласно препораките и Одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Исто така, со измените се создава правна основа за унапредување на заштитата на Старото градско јадро на Охрид.

Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје“, со Решение на УНЕСКО од 1979/80 година.

Најзначајна новина којашто е предвидена со овој Предлог на закон е дека до донесување на новите детални урбанистички планови усогласени согласно заштитата утврдена во него, во Старото градско јадро на Охрид не ќе може да се градат нови објекти, доградби и надградби.

Дополнително Предлогот на законот содржи одредби за посебна заштита на Старото градско јадро на Охрид и на неговата контактна зона, со цел да се спречат дејства, појави и влијанија со коишто се врши или може да настане оштетување, неповратно видоизменување, уништување или деградирање на споменичната целина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK