(Видео) Жерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели – го лаже и го третира својот народ како „талог“


andrej-zernovski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот. Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди, изјави Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка во СДСМ.


„Мицкоски од говорницата повторно зборуваше за „талог“. Повторно своите сограѓани ги нарече „талог“. Кој е тој „талог“ за кој, всушност, зборува Мицкоски? Тоа се сите оние што не се согласуваат со него. Тоа се сите оние што знаат колку е Мицкоски неспособен. Тоа се сите оние што знаат колку Мицкоски лаже. Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние што се борат за европска перспектива на својата држава. Истиот човек кој со години нас, граѓаните, нè нарекува, цитирам, „талог на општеството“, „мекотели“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“, повторно, и тоа од говорницата во Пелинце, каде што требаше да се испрати порака за обединување, го користи истиот јазик на омаловажување. Повторно истиот јазик на етикетирање“, рече Жерновски.

На денот кога треба да се зборува за слобода, на денот кога треба да се зборува за достоинство, за иднина, додаде тој, Мицкоски повторно избра да ги навредува своите сограѓани.

„Мицкоски повторно избра да го дели народот. Ова веќе не е патриотизам. Ова е патолошка политичка омраза и тоа веќе треба јасно да се каже. И додека самиот Мицкоски за својот народ зборува како за „талог“, Македонија тоне во економска криза. Животниот стандард секојдневно опаѓа. Водата е отруена во сè повеќе населени места во државата. Државата е заглавена без напредок во евроинтеграциите. Реформите стојат во место“, рече Жерновски.

Според него, граѓаните секојдневно ја плаќаат цената на неговата неспособност и секојдневно се уверуваат во начинот на кој Мицкоски ги навредува.

„Прво, во еден квазипатриотски вознес , ги повикуваше граѓаните летните одмори да ги поминат покрај прекрасните македонски езера, реки и планини, за неколку дена потоа самиот тој да изјави дека нема да оди на одмор во Македонија, туку ќе оди на друго место. Откако му стана јасно дека ги лаже граѓаните, на сите ни кажа дека тој, всушност, нема да оди на одмор, туку ќе оди на екскурзија. Така што, ако го видите Мицкоски на плажа, да знаете дека тој е на екскурзија“, рече Жерновски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK