(Видео) Вања починала од прострелна рана, а не од задушување, Спасовски откри дека се најдени два пиштоли

Неколку-стотини-полицајци-ја-бараат-исчезнатата-Вања-проверени-подруми-речното.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Четиринаесетгодишната Вања починала од прострелна рана, но на крајот точниот наод ќе го покаже обдукцијата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања за причините на смртта на 14-годишното девојче кое беше убиено.

Спасовски на вонредната прес-конференција вечерва изјави и дека два пиштоли биле најдени на територија на Скопје, во рамки на предистрагата и тие треба да се вештачат.

Во врска со постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше приведен попладнево во Турција, Спасовски очекува таа да биде завршена во брзо време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK