(Видео) Трипуновски: Николовски го заобиколува законот и доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

thumbnail_Цветан-Трипуновски-04.03.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, го обвини министер Љупчо Николовски дека доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура.

Како што рече, Николовски донел програми спротивно на прописите за финансиско управување и контрола. Една иста комисија надлежна да врши избор на корисници, следи имплементација, врши контрола односно едно исто службено лице во исто време е одговорно за одобрување, извршување и контрола на буџетското трошење на средствата, што е спротивно на сите акти за финансиска контрола, а со што оставил простор да се влијае на начинот на распределбата на над 2.5 милиони евра народни пари.

„На овој начин Николовски директно извршил упад во системот, бидејќи иако министерството е орган кој што ги планира мерките за финансиска поддршка и го оценува нивното влијание, сепак нивното исплаќање се врши преку платежната агенција, со тоа Николовски директно ја нарушил системската поставеност на институциите“, рече Трипуновски.

Дополнително, како што додаде, треба да се истражи зошто финансиските средства на овие програми од година во година енормно се зголемуваат, сугерирајќи дека Николовски имал директна можност да ги користи овие програми и исплаќања на енормни високи суми на лица блиски до него и до власта со што можел да фаворизира одредени апликанти при распределбата на средствата помеѓу земјоделците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK