(Видео) Трипуновски: Недомаќинско работење во Македонски шуми, граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

cvetan25082023.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граѓаните и оваа грејна сезона ќе се соочат со огромен недостаток на огревно дрво, а тоа го потврдуваат и бројките од официјалниот Извештај за работењето на ЈП Македонски шуми, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.


Не чека, додава тој, тешка зима со СДС и Љупчо Николовски.

Извештајот, според него, го потврдува недомаќинското и неодговорното работење на менаџментот. Бројките се загрижувачки и фрапантни споредбено со бројките од минатата година која што исто така беше тешка со снабдување на огревно дрво.

„За само 7 месеци годинава значително е намалено производството и снабдувањето на населението со огревно дрво. Односно споредбено со лани сечата на огревно дрво е намалена за 30.765 метри кубни, а намалување има и во продажбата на огревно дрво за 42.528 метри кубни, додека пак планот за сеча на огревно дрво е реализиран, односно е на минимални 57 проценти, а од складиштата на Македонски шуми се продадени само минимални 26.925 метри кубни дрва.

Извештајот покажува дека останатото е купено од приватни препродавачи и фирми кои добиваат тендери за сеча од јавното претпријатие и ги продаваат по двојна цена или ако во Македонски шуми цена за метар кубен на даб и бука е 2500 денари, додека во приватните складишта истата се движи од 5 до 6 илјади денари за метар кубен, односно дупло поскапо.

Неспособноста на власта, министерот за Николовски и Ковачевски на крај ја плаќаат граѓаните на република Македонија. До толку се неспособни што не може да обезбедат да има огревно дрво во сите подружници на Македонски шуми, а не пак да ги снабдат граѓаните кои навистина имаат потреба“, истакнува тој.

Од ова, како што напоменува може да се заклучи дека не очекува исклучително тешка зима за оние кои што се греат на дрва, а Николовски е тотално незинтересиран што се случува во Македонски шуми, единствено го интересираат личните интереси, тендерите и бизнисите.

„Со власта на СДС и Николовски како министер, граѓаните не можат да бидат сигурни во ништо“, дециден е Трипуновски .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK