(Видео) „Стоп за топилница на алуминиум во Ново Село“, пратениците на Левица го поддржаа протестот

Screenshot-2024-07-04-173257.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поголем број на граѓански здруженија, екологисти и активисти од струмичко денес протестираа против отворање на топилница во Општина Ново Село. На протестот учествуваа и пратениците од Левица, Сашко Јанчев и Реџеп Исмаил, заедно со активисти од локалните ограноци од овој регион.


Во непосредна близина на селото Самуилово започната е изградба на топилница за алуминиум, која без дилема ќе ги загадува воздухот, реката Струмица, но и почвите, вклучувајќи ги и земјоделско – обработливите површини, велат од Левица.

„Отворањето на топилницата се спроведува на разбојнички начин! Се кријат документи, на објектот на градилиштето, спротивно на закон, не постои табла на која треба да стои кој е инвеститор, кој е изведувач и број на одобрение за градење, додека, пак, фирмите кои работат, од своите возила ги имаат извадено налепниците, за да не се знае кој ја прави изведбата.

Станува збор за изградба на објект класифициран како Г1 – Тешка загадувачка индустрија, а на ова подрачје дозволено е да се градат објекти класифицирани како Г2 – Лесна незагадувачка индустрија. Поради тоа, издаденото одобрение за градба е противзаконско!

Помеѓу месното население се шпекулира дека еден од двајцата инвеститори е близок со ДУИ, а Kaja Шукова, како министер за животна средина од СДС, ја одобрила градбата. Бившата министерка одобрила Елаборат за заштита на животна средина кој никој го нема видено и од Министерството навеле дека објектот нема значително да загадува, што е далеку од реалноста.

Поради тоа, Политичката партија Левица бара документите со овој објект да бидат јавно објавени и да се одговори на прашањата:
Kога е издадена дозволата и од каков тип е истата?

Дали и кога имало јавна расправа за овие измени во урбанистичките планови?

Kој е инвеститор и кој го проектира и изведува објектот? Koја класа на индустрија е класифицирана за објектот?“, се наведува во соопштението на Левица.

Пратениците на Левица им даваат целосна поддршка на активистите и на протестите, продолжувајќи да ја следат ситуацијата и останувајќи во постојана комуникација со активистите! Исто така, пратениците од Левица, во рамки на нивните ингеренции, ќе останат на целосно располагање на месното население и ќе продолжат институционално со борбата против „тајниот“ загадувач!, се додава во соопштението на партијата Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK