Државната лотарија водена од Перпарим Бајрами пулен на Артан Груби само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Екс-шефот на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 11 милиони и 200 илјади евра, на 18ти јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18ти јануари! Во само две недели лотарија на пријателот на Груби дал 12 милиони евра за апарати за коцкањe“, рече Стоилковски.
Како што додаде, СДС и ДУИ, кратат плати под минималец во ФЗОМ, не даваат стипендии на студентите, немаат пари за земјоделците, СДС и ДУИ ги качија сметките за струја, ама затоа за две недели во јануари СДС и ДУИ имаат 12 милиони евра за апарати за коцкање, за Перпарим Бајрами и Артан Груби да се среќни.